Во битолската полиција вчера во 10.40 часот било пријавено дека на улица „Љубојно“ во Битола, А.Ч.(26) од битолското село Црнобуки изгубил контрола над возилото што го управувал и удрил во куќа.

Возилото било товарно марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.