Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи.
За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија.
Како удрил и како се повредил ќе се дознае по истрагата, поточно, како што велат од ЦУК, кога ке биде комиуникативно лицето.
РЦУК – Охрид, известува дека повреденото лице од Холандија кое удри во камен во Охридско Езеро е превземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и истото е пренесено во Општа болница во Охрид на одделот за хирургија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.