На 21.02.2022 во 11.20 часот во с.Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман.
Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.