Во кумановското село Орашец, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска го лишиле од слобода И.И.(19) од село Слупчане, липковско, бидејќи во возилото „фолскваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал.

Околу 02.20 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце – Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал и продолжил со движење, се исклучил од автопатот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе и откако влегол во село Орашец навлегол во нива, по што излегол од возилото и се обидел да побегне. Набргу бил фатен, а во возилото биле пронајдени мигрантите, појаснија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.