Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“, вчера на подрачјето на Полициското одделение Арачиново беше реализирана превентивна активност под мотото „Слави со срце, не со оружје“ .

Целта на оваа активност, како што информираат од МВР, е афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разните прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици, односно директни закана по здравјето и животот на граѓаните.

Активностите се реализираа на повеќе локации во селото Арачиниво – општинскиот објект, пред неколку угостителски и услужни објекти. Притоа, полициски службеници разговараа и им укажуваа на граѓаните за ризиците од употребата на оружјето при прослави и веселби, ги информираа за законските норми што го санкционираат таквото поведение и секако за опасностите од употребата на оружјето. Истовремено на граѓаните во насока на дополнително едукативно-информативно запознавање им беа делени информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесност и почитување на позитивната законските регулативи, наведено е во соопштението од Министерството.

На граѓаните, исто така, им било укажано дека огнометите треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги преземат пропишаните превентивни мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.