На 04.11.2023 година во 00.00 часот во СВР Скопје, Ш.А.(39) од Скопје пријавила дека на 03.11.2023 околу 11.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко-доверителски односи, И.М. упатила закани кон семејството и ѝ го скршила телефонот.

Според пријавеното, таа претходно со тврд предмет оштетила и стакло од лифт од станбена зграда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.