На 04.01.2023 околу 21.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 39-годишната Е.Ј. од Скопје, со времен престој во Гостивар. Таа се сомничи дека е инволвирана во разбојничка кражба пријавена на 31.12.2022 во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.