Скопјанка сподели фотографии од нападот кој непознат маж го извршил врз нејзината мајка пред влез на зграда, а снимен од безбедносните камери.
Драги пријатели,
Одвојте 2 мин од вашето време и прочитајте.
Ова на сликите е мајка ми која што беше нападната пред извесно време од овој паразит. Видеото нема да го постирам затоа што ми се превртува желудник секој пат кога и да го изгледам.
Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката.
Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА, за среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но нажалост од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите.
Но, сепак ВНИМАВАЈТЕ овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево.
Жени, мајки, девојки, девојчиња и све остало внимавајте, Скопје оддамна не е безбедно место за живеење!
И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив.
Чувајте се
П. С. Мајка ми е добро, но стравот е поголем.
‼️П. П. С. КОМШИИ Реагирајте кога ќе слушнете повик за Помош, не игнорирајте‼️, пишува Анета Малова.
Во Карпош, каде поради штедење на електрична енергија не светат сите улични светла, во изминатиов период беа споделени информации дека има зголемен број на кражби и напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.