Полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во средата навечер лишиле од слобода малолетник од Скопје, по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко дека околу 18.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и му го оштетил возилото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од скопската полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.