СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во периодот од 26.10.2022 до 13.11.2022, пријавениот телефонски остварил контакт со повеќе лица на кои лажно им се претставувал, при што договарал услуги за реновирање, резервации за ручек, за сместување или транспорт, а потоа ги наведувал оштетените лица да остварат средба и да исплатат парични средства на негови соработници во Тетово и Скопје, информира МВР.
Како што информираат од МВР, измамникот на тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во износ од 137.100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.