20-годишен скопјанец кој украде пари од гостилницата во Велес кои беа наменети за донации за сиромашни граѓани и беше уапсен по два дена, повторно извршил кражба во Велес. Нападнал 81-годишен старец и го ограбил.
На 02.04.2022 во 10.10 часот во СВР Велес, Ѓ.П.(81) од Велес пријавил дека во неговиот дом во Велес од едно лице бил физички нападнат, при што му биле одземени пари, мобилен телефон и документи. Во врска со настанот од полициски службеници бил лишен од слобода Л.М.(20) од Скопје со привремен престој во Велес.
Тој бил задржан за понатамошна постапка. Известен е и Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.