Синдикат на македонска полиција до надлежното ОЈО-ГОКК поднесе кривична пријава против М.М., вработен во МВР, командир на полициското одделение Мирковци при СВР Скопје. Синдикатот го повика министерот Оливер Спасовски, да каже дали ќе преземе соодветни мерки или и натаму ќе тврди дека во МВР се работи според законските прописи и подзаконски акти.

СМП тврди дека станува збор за сомневања за злоупотреба на службена положба и овластување со цел на стекнување корист за себе и друг, а на штета на други (вработени). „Пријавениот раководител постапил надвор од границите на своето овластување со кое во никој случај не смеел и не можел да супсумира сила која е појака од Законот за јавните набавки, Правилникот за распределба, користење, одржување и обновувања на возилата на МВР и Законот за спречување на корупција.

Со ваквото непрофесионално дејствие, командирот при искористување на функцијата постапил спротивно на членовите 7, 10 и 14 од Законот за внатрешни работи, соопшти СМП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.