Тинејџер од Кичево е уапсен бидејќи го нападнал сопствениот татко.

Како што иноформираат од Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, деветнаесетгодишниот А.Х. бил уапсен, бидејќи во текот на денот во домот го истепал својот 52-годишен татко.

На 23.03.2024 во 18.45 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода А.Х.(19) од Кичево затоа што на 22.03.2024 околу 15.00 часот во семејниот дом физички го нападнал својот 52-годишен татко. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава – посочуваат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.