На 17.08.2023, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко.

Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.

51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп.

Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.