Силен пожар изби денеска околу пладне на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност наречена „Лозје“, информираат од Центарот за управување со кризи.

– Над селото продолжува дабова и букова шума. За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај локалните пожарникари како и пожарникари од Национални шуми, ќе се приклучат и еден ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој потенцира дека ер-тракторот има исклучително дејство со кое е постигнат голем ефект во гаснењето на пожарот. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.