Четириесет и едногодишен жител на селото Тополница во близина на Макеоднски Борд се застрелал во ногата со сопствената пушка.
Во СВР Битола вчера во 12.45 часот било пријавено дека во село Тополница во општина Македонски Брод со повреди од огнено оружје се здобил М.М.(41) од село Тополница.
Екипа од Полициската станица Македонски Брод излегла на местото и било констатирано дека околу 12.10 часот во атар на село Тополница, М.М. со неговата пушка марка „Бајкал ИЖ-18 -ЕМ-М“, што ја поседувал со дозвола, испукал куршум и си нанел повреда на ногата – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.