Непознати сторители провалиле на стадионот на Чаир во Скопје, при што оштетиле дел од трибините и соблекувалните, а на стадионот запалиле и оган.

Х.И. вчера во 14.53 часот во Полициската станица Бит-пазар пријавил дека на стадионот Чаир на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје во текот на ноќта (5-6 јануари) непознати сторители насилно влегле и оштетиле столчиња од трибините, врати и инвентар од соблекувалните, а бил запален и оган.

 

Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.