Навивачката група „Шверцери“ ги повика своите членови да се вклучат во потрагат по двете исчезнати девојчиња.

Ги повикуваме нашите членови од секое маало, од секоја подгрупа, од 21:30 до 22:00 часот, ве очекуваме да се сретнеме на плоштадот Скендербег, а од тука ќе излеземе во потрага по нашите сестри. Ни треба помош од сите! Аниса и Мелиса се наши ќерки и сестри!, се вели во повикот.

Полицијата од вчера трага по Аниса и Мелиса, девојчиња на возраст од 12 и 15 години чии родители вчера ги пријавија за исчезнати. Мелиса и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.