МВР вчера во рамки на акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, изрекло санкции за 135 возачи. Од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, како што информираат од МВР, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.