Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрекло вкупно 256 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 19 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, 68 за непрописно паркирање – соопшти МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.