На 20 годишна казна затвор е осуден прилепскиот џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на 4 малолетни девојчињa кои ги тренеирал во неговиот џудо клуб. Исто така, му е изречена и забрана за врешење на дејност, затоа што, покрај обљубата на товар му се става и злоупотреба на службената положба како џудо тренер. Портпаролот на Основниот суд во Прилеп, Жарко Велески, за Телма ја потврди пресудата од 20 години затвор за 46 годишниот тренер од Прилеп.

Според обвинението Пеески, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

Случајот кој ја шокираше јавноста беше откриен во јануари годинава, кога еден од родителите го пријави тренерот во полиција, а потоа истргата ги откри и другите жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.