Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривични пријави против Л.Р.(37) косовски државјанин, Р.М.(27), Ќ.Ф.(24), Д.И.(42), И.И.(19), И.Д.(51) и Д.Д.(41), македонски државјани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“.

Во периодот од 10.02.2022 до 28.02.2022 на Граничниот премин Блаце пријавените приложиле фалсификувани ПЦР тестови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.