СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(69) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Во текот на 2021 година во викенд населба на Попова Шапка, на катастарска парцела во државна сопственост, пријавениот без да поседува соодветна дозвола – одобрение за градба од надлежен орган од Општина Тетово, изградил објект со површина од 98 м².



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.