Осум лица, четворица државјани на Косово и четворица од Гостивар се лишени од слобода откако меѓусебно се степале на терени на ски центарот Маврово. Во тепачката во која биле користени и спортски реквизити, две лица се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники.

За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за насилство.

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 18:15 часот ги лишиле од слобода: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29), Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, поради сомнение за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14:50 часот се случила на ски-терените на Бистра во Маврово.

 

Според пријавеното, во физичката пресметка биле употребени и тврди предмети, а две лица, А.О. и С.Ѓ. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Тетово.

Сите инволвирани се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.