Денеска околу 11 часот полициски службеници на СВР Тетово ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан, кои претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале.

Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.