Вчера во 15:30 часот и 16:55 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.И.(33) и И.И.(60) од тетовски Порој. Тие се сомничат дека на
улица „Фуштанска“ во Тетово пукале од оружје.

Притоа, од Б.И. одземен е пиштол „Зораки“ калибар 9 милиметри и тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Подоцна, околу 19 часот и 40 минути, од 53-годишен жител на тетовско село биле одземени за вештачење пиштол „ЦЗ“ со рамка калибар 9 милиметри и пиштол „Тангфолио“ со рамка, исто така, калибар 9 милиметри, а поради сомнение за негова инволвираност во предизвикување општа опасност на истата улица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.