Во тек е полициска акција на подрачјето на Центар во која се претресуваат сите возила кои поминуваат на потегот меѓу Капиштец и Водно. Како што ни сведочат скопјани кои се пронашле на лице место, се претресуваат сите автомобили целосно, се бараат податоци од возачот и патниците во автомобилите, се отвораат и разгледуваат багажници.
Од СВР Скопје за „Република“ информираат дека се превземаат мерки за расчистување на вооружен грабеж на банка кој напладне се случил во Центар.
На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.