Во акциска контрола спроведена синоќа во угостителски објекти на 272 локации приведени се лица кои поседувале оружје, а констатирани се и други прекршоци. Во контролата биле опфатени и 18 казина на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Чаир кај триесет и едногодишниот Б.И. од Косово пронајден е нож, а во Кисела Вода е приведен О.О. (32) од Турција поради непријавен престој во државата.
На подрачјето на СВР Велес во угостителски објект констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик при што е приведено едно лице поради присуство на малолетници во објектот, а констатиран е и прекршок по Законот за оружје кај лице кое вршело работа од областа на приватното обезбедување, а не поседувало лиценца и договор за работа поради што и ова лице е приведено.
Од страна на Управата за јавни приходи констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Пазарниот инспекторат ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лицата кои работеле во објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.