На бул.„Крсте Мисирков“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 14.00 часот го лишиле од слобода Ј.А.(30) од Скопје.

Од МВР информираат дека за него била распишана централна потерница по наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, со која се барал во врска со сторено кривично дело „разбојништво“.

Ј.А. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.