Вчера во 14.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(72) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2024, откако излегол од просториите на Полициската станица Тетово, каде бил задржан поради извршено семејно насилство, во домот го повторил делото и повторно физички ја нападнал неговата снаа.

Лицето било задржано во полициска станица и за случајот бил запознаен Центарот за социјални работи Тетово.

По документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.