СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“.
При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А.Н., во својство на секретар во Општа болница – Охрид, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за периодот од 01.01.2019 до 31.10.2021.
Притоа, лажно прикажал повисоки коефициенти за пресметана месечна плата за себе, лажно прикажувајќи се како самостоен стручен соработник – дипломиран правник со правосуден испит, лажен-неоснован коефициент за раководење и одговорност, кои самиот си ги одобрил.
Врз основ на тоа му биле исплатени повеќе средства во износ од 77.357 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.