Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14 годишно девојче, се вели во соопштението ипстатено до медиумите од ОЈО.
Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, велат од ОЈО
Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан, додаваат од ОЈО.
Од МВР пак информираат дека синоќа во 21.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка.
По извршениот увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител утврдено е дека малолетничка која таму била уште со двајца малолетници, се качила на кровот на цистерната која се наоѓала на железничката пруга, при што настанал струен удар.На местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.