Во Македонија постои еден човек, познат по прекарот Роко, и кој во име на Министерството за внатрешни работи продава или посредува за добивање македонски пасош“.
Ваквата изјава, во Специјалниот суд во Белград ја даде сведокот Срѓан Лалиќ за време на сведочењето во судскиот процес што се води против Веља Невоља и членовите на неговиот криминален клан.
Сведокот Лалиќ откри дека дотичниот Роко наплаќал по 30.000 евра за пасош.
Во една куќа во Земун однесов пари за превоз во Турција, еднаш му однесов 30.000 евра за пасош за Марко Божиќ. Лицето кое било контакт за пасоши за Македонија е лице со прекар Роко. Напоменав дека групата се занимавала со дистрибуција на дрога, обезбедување – изјавил Лалиќ пред Специјалниот суд во Белград, објавија српските медиуми.
Ваквите информации се ново поглавје во аферата „Двојник“, којашто ја обелоденија од ВМРО-ДПМНЕ, а која откри податоци дека од МВР биле изработени и доделени над 200 македонски пасоши со лажни податоци, а голем дел од нив завршиле во рацете на мафијаши од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.