Пролетта кога беше ограбена фабриката за марихуана во стечај, „5 леттерс“ во Крушево беше објавена фотографија од автомобилот на синот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Со истиот автомобил со вклучени нелегално поставени флешери, помладиот Буши во петокот бегал од полициски патроли, а откако бил сопрен полицајците што го проверувале излажале дека автомобилот е владин и во државна сопственост по што возачот е пуштен на Качанички пат, објави телевизијата „Телма“.

Фотографијата пак на аудито А6 паркирано пред фирмата 5 Леттерс во април беше дополнета со коментар дека е направена истиот ден кога од фирмата која беше во стечај се украдени 108 шишиња со масло од канабис вредно над 2 милиони евра.

Претходно во декември 2020-тата беше украдена марихуана од истата фабрика при што беше осомничен и роднина на заменик министерот Буши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.