ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги извести обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.

 

Министерството за здравство најави вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола.

Јавноста во Битола со тага дозна за веста дека 6-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари во текот на вчерашниот ден го загуби својот живот за време на лекарски преглед и пружање здравствена помош во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.