Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен денеска ги лишиле од слобода Б.Ц., А.Ц.(19) и И.Ц.(50), сите од Ресен.
Како што соопштува МВР, тие се сомничат дека на вчера со употреба на сила влегле во домот каде престојува 34-годишна жена од Ресен, поранешна девојка на Б.Ц, физички ја нападнале и со употреба на сила ја однеле во нивниот дом каде што повторно физички ја нападнале.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.