Откако голем број медиуми објавија дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, побарал да му биде вратен пасошот, што му беше одземен како мерка за да се спречи тој да замине од државата, со реакција се во јавноста се огласи и самиот Рашковски.
Тој негира дека побарал враќање на пасошот и вели дека станува збор за лажни вести со цел да се „фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек“.
Со оглед на фактот дека се шири лажна вест за наводно барање да биде вратена мојата патна исправа, која ниту еден медиум не ја поткрепува со факт, туку е проста репродукција на неименуван извор, сметам дека е за потребно да реагирам на ваквите објави, затоа што истите имаат само една единствена цел – да се фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек.
Медиумите секогаш биле добро примани од моја страна како соговорници, затоа би било професионално при било каква објава поврзана со мене да побараат и потврда за планираната објава од моја страна.
Голем дел од јавното мислење околу процесот кој е во судска тек е под постојана контаминација од лажни вести, со цел да се креира некаква погрешна слика, Ве замолувам за објективно и проверено известување, доколку сметате дека постојат елементи кои се од јавен интерес – се наведува во реакцијата на Рашковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.