Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, побарал да му биде вратен пасошот, што му беше одземен како мерка за да се спречи тој да замине од државата.

Рашковски пред судијката Михаиловска дал исказ дека бара да се укинат мерките за негово присуство, пренесе „24инфо“.

Поранешниот ген-сек на Владата остана без пасош откако првично беше пуштен од притвор, а потоа и од домашен притвор. Одлуката ја донесе Апелацискиот суд во Скопје, кога на Рашковски исто така му беше наредено секој понеделник да се пријавува во судот, а пасошот му се одзема  до пресудата со која се товари за злоупотреба на службената положба и за перење пари.

Неговото барање за враќање на пасошот доаѓа во пресрет на сезоната на летни одмор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.