Рано утрово во 05.00 часот во тетовски Порој, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(19) од тетовско село, кој бил пријавен од неговиот 59-годишен татко дека околу 04.30 часот во дворот на семејната куќа физички го нападнал и му упатил закани.

Според пријавеното, тој употребил и метален предмет и го оштетил ветробранското стакло од неговото возило.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.