Во СВР Тетово од Клиничката болница „Тетово“ вчера е пријавено дека кај нив бил донесен С.Х.(40) од Р. Албанија со повреди од струен удар.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето се здобило со повреди од струен удар додека изведувало градежни работи во село Лешок, тетовско.

Од МВР укажуваат дека бил извршен увид од екипата од СВР Тетово и известен бил трудов инспектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.