Во Штип, на 19 ноември, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.Х.(21) од Штип. Тој се сомничи дека, по претходна расправија и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од пиштол пукал кон П.Ј.(26) од Штип, но не го погодил.

Од него биле одземени пиштол „Зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм. Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.