На 19 ноември, околу 13 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 75-годишниот тетовец Р.М. и го напуштило местото.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.