Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.