Три сообраќајни несреќи на патните правци од Скопје кон Штип и Велес се пријавени попладнево во полиција, инфромираат од СВР Скопје за „Република“. Од нив две сообраќајни несреќи се случиле на патниот правец Скопје – Штип, а третата на патниот правец Скопје – Велес.

Според пријавеното во сообраќајките учествувале две товарни и едно патничко моторно возило.

Полициски службеници се упатени кон местата каде се случиле овие несреќи и подетални информации ќе имаме подоцна. Апелираме до возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, особено поради врнежите од снег, велат од СВР Скопје.

Се очекува полициски службеници да извршат увид и во сообраќајката која предмалку се случи во Скопје, на крстосницата после главната Железничка станица на влезот во Аеродром:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.