Во Тетово полицијата вчера пронашла еден килограм марихуана кај 51 годишник, по што тој бил приведен. Приведувањето било извршено околу 19 часот и 10 минути на улицата „Благоја Тоска“.
Полициски службеници го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Г.Г. , затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана.Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и зипер кеси.Тетовецот задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Осомничениот со соодветен поднесок денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.