Приведено e лице во Битола за предизвикување општа опасност, a кај него пронајдени се пушка и куршуми.
СВР – Битола вечерва соопшти дека полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола поради сомнение за сторено кривични дело „предизвикување општа опасност” извршиле претрес по претходно добиена судска наредба од Основен суд Битола во дом и други простории кај М.Н. од Битола, при што се пронајдени и одземени една малокалибарска пушка и 9 куршуми.
Претходно, околу 12.30 часот Т.В. (50) од Битола, пријавил во полиција дека додека како такси возач бил паркиран во населба Горно Оризари во Битола со автомобил „голф” со битолски регистарски ознаки, слушнал истрел, а куршумот го оштетил задниот дел од возилото. По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го уапсила М.Н., кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.