Денеска (23.10.2023) во 12.00 часот на раскрсница кај село Чалакли, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово ги лишиле од слобода Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, струмичко.
Имено, Р.М. кој денеска во периодот од 07.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно Решение. Притоа, двајцата, со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, валандовско.
За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.