Идентификувани се повеќе лица кои пукале со огнено оружје на семејната веселба во прилепското село Дебреште. Покрај командирот на полициското одделение Ропотово кој беше приведен вчера, приведени се уште двајца полициски службеници и двајца професионални војници.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се приведени Н.И.(28) и Е.И.( 28) од Одделението за внатрешни работи од Прилеп, како и професионалните војници Б.Х.(26) и И.Р.(23).

Останатите лица се жители од селата Дебреште и Саждево. Извршени се и седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за ова кривично дело.

На командирот на полициското одделение Ропотово, Е.Р. му е одреден куќен притвор од осум дена, а за полициските службеници Н.И.(28) и Е.И.( 28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и соодветна пријава до ОЈО.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.