Полицијата од СВР Тетово во период од 23:00 до 03:00 часот утрово во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане лиши од слобода вкупно седум лица кои поседувале дрога, информира Министерството за внатрешни работи.
При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, „Фолксваген голф“ и „Туран“ со тетовски регистерски ознаки и „БМВ“ со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин, марихуана и дробилка.
Лишени од слобода се Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С., Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово, А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија. Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.
Осомничените треба да одговараат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.