Полициски службеници соопштија дека е приведена велешанка, кај која при претрес е пронајдена дрога.

На 25.03.2022 во 08.10 часот на ул. „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.Г. (30) од Велес. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и една вага – информираат од МВР.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.